mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

На жирафите им се заканува исчезнување

На жирафите им се заканува исчезнување

Типографија

Постои голема опасност жирафите целосно да исчезнат од светот на животните, со оглед на тоа дека нивната бројка се намалила за 40 отсто изминатите три децении, предупреди Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП).

Највисокиот копнен цицач е вклучен на црвената листа на Сојузот со степен „ранлив вид“, соопшти МСЗП на конференција на Обединетите нации за биодиверзитет во мексиканското летувалиште Канкун.

Над овој степен се само степените „загрозен“, „критично загрозен“ и „исчезнат“.

Жирафите се соочуваат со опасност поради незаконскиот лов, вооружени конфликти, неексплодирани мини и проширување на плоштината на земјоделските стопанства, нагласи МСЗП, чие седиште е во Швајцарија.

Во моментов во Африка останале помалку од 98 илјади жирафи.

  • Владите имаат голема одговорност да ги зголемат напорите за заштита на биодиверзитетот на нашата планета, истакна генералниот директор на МСЗП, Ингер Андерсен.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет