mksqen

Гринпис бара да се забранат пластичните зрнца во козметиката

Гринпис бара да се забранат пластичните зрнца во козметиката

Типографија

Невладината организација Гринпис бара во Велика Британија да се забрани пластичните зрнца кои се користат во многу козметички производи, а се штетни затоа што ги загадуваат океаните и ги трујат рибите и микро планктоните.

Океанограф од лондонскиот  Imperial College вели дека секоја година во океаните се излеваат од 5 до 12 милиони тони пластика, но дека најопасни се ситните зрнца.

  • Што е пластиката поситна тоа е поштетна. Повеќето животни нема да ја проголтаат пластичната ќеса, но многу полесно ќе внесат некоја мала количина на пластика - вели океанографот Ерик ван Себиј.

Пластичните зрнца на кои укажува Гринпис може да бидат поштетни и од 0,1 милиметри. Се користат во бројни козметички производи од креми па се до гелови за туширање и пасти за заби.

Ситните зрнца се премногу мали за да се задржат во филтрите зе преработка на отпадните води, а пред да завршат во водотеците и океаните собираат и други загадувачи.
Гринпис бара забрана за користење на овие зрнца во сите производи, а петицијата за забрана во Велика Британија ја имаат потпишано 375 илјади луѓе.

Од Гринпис тврдат дека најлошото допрва доаѓа.

  • - До 2025 година на секои три тони риби ќе има еден тон пластика во океаните - тврди генералниот директор на Гринпис Џон Совен. Извештајот на фондацијата Елен Мек Артур предвидува дека до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет