mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Сочи поплавен по незапаметеното невреме

Сочи поплавен по незапаметеното невреме

Типографија

Рускиот град  Сочи, на брегот на Црно Море, беше погоден од незапаметено невреме, по кое половина град остана поплавен.

Брановите биле  толку високи што, по само неколку минути, олимпиското село било претворено во еден голем  базен, јави Танјуг.

Извештатите од Русија зборуваат за тоа дека брановите во текот на невремето биле повисоки од пет метри, што предизвикало тотална блокада на градот.

Патиштата се  поплавени, а долж шеталиштето се урнале околу 150 стебла. Сите летови за Сочи се откажани.

Стебла се урнале и врз електрични кабли и гасоводни цевки, така што половина град е без гас и електрична енергија.

Штетата е огромна, пренесуваат локалните медиуми.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет