mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Една жртва во поплава на Закинтос

Една жртва во поплава на Закинтос

Типографија

Едно лице загина во поплава на грчкиот остров Закинтос, предизвикана од поројни дождови што ја зафатија цела Грција.

Загинатиот бил во својот автомобил во клисура, кога возилото го зафатила надојдена вода. Неговото тело било пронајдено три километри подалеку од возилото кое било лоцирано неколку часа претходно.

Во Атина, противпожарна служба примила околу 300 повици за помалку од 24 часа за испумпување поплавени подруми и магацини, додека властите се обидуваа да го вратат во нормала сообраќајот на главните патишта.

Поради поплави беа затворени и неколку метро станици во грчкиот главен град.

Националната метеоролошка служба предупреди дека дождовите ќе продолжат и денеска во повеќето делови на земјата, а за утре се прогнозираат силни ветрови и ниски температури.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет