mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Најстрашното видео од серијалот Планета Земја 2 досега

Најстрашното видео од серијалот Планета Земја 2 досега

Типографија

Серијалот документарни филмови Планета Земја 2 почна да се емитува на Би-би-си, со нарација на славниот Дејвид Атенборо, а многумина веќе го прогласија за најдобрата видео содржина за животни што некогаш била направена.

Но еден дел посебно ги ужаснал гледачите, бркотница меѓу змии и игуани. Голем број од нив на социјалните мрежи напишале дека оваа сцена предизвикува кошмари.

Ова парче било снимено на островот Фернандина на Галапагос, и прикажува група змии како бркаат мала игуана која штотуку се извела од јајцето и излегла од под топлиот песок. Змиите се пуштија кон младенчето од сите страни во неверојатна потера, но тоа за среќа им избега.

Повеќето младенчиња игуани сепак ја немаат таа среќа, бидејќи змиите ги фаќаат и ги згмечуваат обвивајќи се околу нивните тела, уште пред да стигнат на сигурно.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет