mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Нов вид на биојаглен го собира јаглерод-диоксидот од атмосферата

Нов вид на биојаглен го собира јаглерод-диоксидот од атмосферата

Типографија

Со истражувањата на Универзитетот Корнел во САД е откриен економски исплатлив начин да се собира јаглерод-диоксидот од атмсоферата и со тоа да се намали глобалното затоплување.

Истражувачите предлагаат да се користи „систем со биоенергетски биојаглен“, кој што може да го отстранува овој гас од воздухот, барем додека другите методи не станат економски прифатливи. Исто така, тој би можел да се користи и во региони каде што примената на други методи е непрактична.

  • Ако продолжиме со сегашната траекторија на емисиите на јаглерод диоксид, ќе ни треба начин како да го отстрануваме вишокот од атмосферта, за да избегнеме катастрофални нивоа на климатски промени. Ние нудиме модел што може да го направи тоа. Тој не е решение за сите проблеми, но може да биде една од алатките што би ги користеле во пошироката стратегија за намалување на количествата на јаглерод диоксид - вели Доминик Вулф, научен соработник во Универзитетот Корнел и главен автор на студијата.

Биојагленот се добива од органски материјали, со согорување без да се користи воздух, односно со процес што се нарекува пиролиза. Системот на биоенергетски биојаглен е постабилен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет