mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Британците веќе претпочитаат сопствени торби

Британците веќе претпочитаат сопствени торби

Типографија

Една година откако почнаа да се наплатуваат пластичните ќеси во Велика Британија, Британците масовно се навикнати да си носат сопствени торби за пазар, покажа новото истражување.

Девет од десет лица вообичаено или секогаш си носат сопствена торба за пазар. За споредба, пред воведувањето на наплатата во октомври 2015 година, тоа го правеле  седум од десет Британци.

Британското општество многу силно го поддржува тарифирањето на пластичните ќеси.

Бројот на ќеси земени од супермаркетите и од големите трговци во Англија се намали за 85 отсто по промената.

Авторите на студијата на Универзитетот во Кардиф сметаат дека успехот на воведената задолжителна цена за ќесето за еднократна употреба е показател дека би било успешнот и воведувањето такси за чаши за кафе за еднократна употреба.

  • За мене беше импресивно тоа дека ефектот од промената е универзален. Нема специфични трендови по возраст, пол или приходи. Повеќето луѓе го промениле своето однесување и ја зголемиле поддршката за таксата за пластични ќеси. Мислам дека тоа е важно - вели еден од водечките автори на студијата.

Истражувањето покажува дека е зголемена загриженоста на Британците за животната средина. Тие веќе се отворени да ги поддржат и другите политики поврзани со намалувањето на отпадот, на пример воведување на цена за пластични шишиња.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет