Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги критикуваше земјите-членки на Европската унија поради тоа што не го ратификувале договорот од Париз за климатските промени.
Со тоа Унијата го губела кредибилитетот заради задоцнување.
- САД, Кина, Индија и Јапонија го имаат ратификувано договорот, но Европа ја нема никаде - вели Јункер.
Земјите членки на ЕУ се одговорни за околу 12 отсто од вклупниот број штетни гасови во светот, а само неколку земји го имаат ратификувано договорот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS