mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Има се помалку кислород во атмосферата, утврдиле научници

Има се помалку кислород во атмосферата, утврдиле научници

Типографија

Атмосферата на земјата го губи кислородот и неговото ниво се намалило за 0,7 отсто во последните 800 илјади години, било утврдено со научни истражувања.

Наодите во врска со гасот што е неопходен за животот на секое суштество на планетата, се претставени во магазинот „Сајенс“.

Но кислородот го немало во атмосферата на нашата планета до појавата на животот. Неговата концентрација почначла да се зголемува со појавата на цијанобактериите. Последните неколку стотини милиони години соодносот на гасовите во атмосферата бил стабилен.

Истражувачите ги провериле нивоата на концентрација на кислородот во атмосферата од последните неколку стотини илјади години, анализирајќи примероци од мразот на Арктикот и на Антарктикот. Тој содржи меурчиња што ја имаат информацијата а составот на воздухот во минатото. Научниците го споредувале соодносот меѓу азотот и кислородот и дошле до заклучок дека количеството на кислород се намалило а помалку од еден процент.

Постојат повеќе објаснувања за оваа тенденција. Прво, ерозијата на земјиштето можела да ги забрза оксидирачките процеси. Второ, ако не се земе во предвид човековото влијание вр климата, во последните неколку милиони години температурата на хидросферата се намалува и океаните можеле да растворат повеќе кислород во себе.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет