Обновата на регионите погодени од минатомесечниот силен земјотрес во Италија ќе чини најмалку три до четири милијарди евра, проценува началникот на националната Служба за цивилна заштита Фабрицио Курчио.
Тој додаде дека е можно сумата за обнова на регионите да биде и поголема.
Околу 3.000 луѓе се уште се без дом, по земјотресот што го погоди централниот дел на Италија, а 2.500 од нив живеат во шатори. За нив има план да се вратат во местата на живеење, а во меѓувреме да се сместат во дрвени бараки, кои треба да бидат изградени во следните шест месеци.
- Нашата цел е да вратиме се како што било - посочи италијанскиот премиер Матео Ренци.
Тој вети дека погодените градови ќе бидат обновени.
Обновата по земјотресот во Италија ќе чини најмалку три милијарди евра
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање