mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

И Бразил го ратификуваше парискиот договор за климатски промени

И Бразил го ратификуваше парискиот договор за климатски промени

Типографија

По Кина, САД и други земји, и Бразил го ратификуваше парискиот договор за климатски промени, кој ги обврзува земјите потписници да ја намалуваат емисијата на штетни гасови.

  • Прашањето на климатските промени излезуга од границите на државата, тоа е прашање на глобално ниво. Нашата влада води грижа за иднината и се што се прави е Бразилците да имаат подобар живот - вели бразилскиот претседател Мишел Темер.

Бразил е најголема држава во Јужна Америка и емитува 2,5 отсто од вкупната светска количина на јаглерод диоксид и други штетни гасови, а во склад со Парискиот договор до 2025 година треба да ја намали емисијата за 37 отсто, а до 2043 година за дури 43 отсто. Бразил е земја која во последните 10 години успеа значително да ги редицира емисиите на штетни гасови благодарение на зголемената борба против уништувањето на шумите и областа околу Амазон, како и поради употребата на обновливи извори на енергија како вода и ветер.

Парискиот договор е донесен минатата година на самитот на 195 земји кои се обврзани да ги редуцираат емисиите на штетни гасови за два отсто, а договорот ќе стапи на сила кога ќе го ратификуваат 55 земји кои емитуваат 55 отсто од вкупните штетни гасови на глобално ниво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет