mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

ЕВН: поправени сите трафостаници во поплавените подрачја

Типографија

ЕВН Македонија соопшти дека ги санираше сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во скопскиот регион.

  • Со интензивната работа на екипите на ЕВН Македонија на терен, во овие подрачја сите 110 трафостаници кои беа во прекин од големото невреме се под напон и речиси сите корисници во овој регион имаат електрична енергија - посочуваат од ЕВН.

Воедно се наведува дека кај околу стотина корисници по нивно барање се уште не е пуштена електричната енергија, бидејќи нивните подруми и домови се под вода и целосно е уништена внатрешната инсталација. За овие корисници и натаму важи апелот да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје