mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Продолжува поставувањето подземни контејнери во Кисeла Вода

Продолжува поставувањето подземни контејнери во Кисeла Вода

Типографија

Општина Кисела Вода во соработка со град Скопје и ЈП Комунална хигиена продолжува со реализација на проектот за поставување на подземни контејнери.

Во насока на подобрување на животната средина, во изминатиов период на три нови локации се поставени подземни контејнери и тоа во Урбаната заедница Драчево на улицата Коперникова, во населба Цветан Димов и на улицата Христо Татрчев во Расадник.

Со цел да се постигне повисок степен на хигиена и избегнување на непријатната миризба досега на шест локации на територијата на општина Кисела Вода се поставени подземни контејнери. Во реализацијата на овој проект и општината учествува со сопствени финансиски средства.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје