mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Санкционирани загадувачи на воздух во Бардовци

Санкционирани загадувачи на воздух во Бардовци

Типографија

Овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари од општина Карпош при континуирана контрола на локација во населбата Бардовци утврдиле неовластено палење на отпад и тоа гуми, кабли, пластика.

Инспекторот, како што информираат од општина Карпош, побарал асистенција од полицијата која извршила увид, при што го идентификувале лицето кое палело недозволени материјали. Комуналните редари од општина Карпош на сторителот на прекршокот му изрекле казна, согласно Законот за јавна чистота.

  • Контролата на инспекторот и комуналните редари продолжува и наредните денови со цел да се спречат овие сериозни прекршоци од несовесните граѓани - соопштија од општина Карпош.

Општина Карпош апелира до своите сограѓани на поголема свесност бидејќи, како што се наведува, при согорување на овие материјали се предизвикува опасен ефект, при што се ослободуваат токсични супстанци во воздухот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје