mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Центар ќе набави мобилна станица за мерење на аерозагадувањето

Центар ќе набави мобилна станица за мерење на аерозагадувањето

Типографија

Општина Центар ќе набави мобилна мерна станица со која ќе се изврши точна анализа и ќе се утврдат главните извори на загадување на секоја поединечна локација.

Ова го договорил градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски на средба со еко-активистите од здружението „Скопје смог аларм“. На средбата било разговарано за преземање конкретни мерки на краток и долг рок за намалување на загадувањето на воздухот.

По извршените мерења во втората фаза добиените податоци ќе се користат за преземање мерки соодветни за секоја поединечна локација.

Овие мерки, како што се наведува во општинското соопштение, ќе бидат дел од четиригодишната стратегија на општината за намалување на последиците од загадувањето и зачувување на животната средина.  

  • Сакаме активно да придонесеме во намалувањето на воздушното загадување. Задоволство ми е што имав прилика да поразговарам и да се посоветувам со луѓе кои се добро запознаени со состојбите. Средбата беше конструктивна и веќе договоривме конкретните мерки кои ќе ги спроведеме. Воедно, апелирам до надлежните министерства и градските власти да се вклучат активно во борбата против загадувањето. Состојбата е алармантна, здравјето на граѓаните е ставено под ризик и мора да се делува веднаш - вели Жерновски.

Општина Центар изминативе години, како што се наведува во сопштението, спроведе проекти за зачувување на животната средина, како што се садењето на 255 високо школувани нови дрвја, обновување на зеленилото со површина од  70 илјади метри квадратни, поставување на нови енергетско-ефикасни фасади, спроведување на акцијата „Цел Центар на точак“ и други активности.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје