mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Битола и Скопје најзагадени во Европа според Нумбео

Битола и Скопје најзагадени во Европа според Нумбео

Типографија

Битола е на првото, а Скопје на второто место во Европа за првата половина од 2016 година според индексот на загадување на воздухот што го објави статистичкиот интернет портал Нумбео.

Индексот на загадување на Битола е 85,02, а на Скопје 80,18.

Во првите 10 градови спаѓаат уште Торино, Киев, Краков, Барселона, Рим, Букурешт, Сараево и Милано.

Од другите градови во регионот, Атина е на 14-тото место, Софија на 21-во, Солун на 22-ро и Белград на 23-то, сите со индекси меѓу 60 и 63. Загреб на 41-то место со индекс од 36,85.

На листата од 63 града, најнезагадени се Минхен, Рејкјавик, Цирих, Стокхолм и на последното место норвешкиот град Трондхајм со индекс од само 9,24.

Нумбео е неофицијална база на податоци која изработува споредбени статистики со податоци што ги обезбедуваат самите корисници. Регистрирана е во Србија, а нејзин основач е Младен Адамовиќ, поранешен софтверски инженер во Гугл.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија