mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Со „капка по капка“ приносите на пченка зголемени за 124 отсто

Со „капка по капка“ приносите на пченка зголемени за 124 отсто

Типографија

Производителите на пченка во Пелагонија бележат пораст на приносите од 124 проценти од 2012 до 2015 со помош на системите за наводнување „капка по капка“ и употребата на течни ѓубрива, благодарение на напорите на УСАИД, Владата на Швајцарија и на компанијата Алкалоид за модернизација на производството.

Почетокот на жетвата беше означен на полето со пченка на земјоделецот Илчо Даскалоски во близина на селото Мало Коњари, Општина Прилеп. Тој постави систем „капка по капка“ на еден хектар од неговото поле со пченка, како донација од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и Владата на Швајцарија, а потоа го проширил на дополнителни два хектара со сопствени финансии поради добрите резултати.

Од проектот на УСАИД соопштуваат дека благодарение на системот, Даскалоски очекува принос на силажа од пченка над 80 тони од хектар, значително над националниот просек од 30 тони од хектар. Истиот нагорен тренд, информираат, се забележува кај сите производители на пченка во Македонија кои во последните неколку години користат системи „капка по капка“ и течно ѓубриво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија