mksqen
09
Пет, Мај
0 Нови / 7 дена

Велосипедски маратон на Шапкафест

Велосипедски маратон на Шапкафест

Типографија

Рекреативен велосипедски планински маратон се одржува денеска како еден од централните настани на планинскиот фестивал Попова Шапка, соопштија организаторите.

Маратонот, со должина од 59 километри, ќе почне во близина на скијачките центри на Попова Шапка. На маратонот се очекуваат близу 300 натпреварувачи. Трката ќе почне во 10 часот, а победниците на трката ќе бидат објавени во 15 часот.

Шапкафест е тридневен фестивал на Шар Планина на кој се одржуваат различни спортски и други манифестации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија