mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Најмногу струја во јуни сме добиле од хидроцентралите

Најмногу струја во јуни сме добиле од хидроцентралите

Типографија

Во Македонија во јуни годинава вкупно се потрошени 537.426 мегават часови електрична енергија, 3.754 милиони нормални кубни метри природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупно потрошената струја, 68,1 е од домашно производство, а 31,9 е покриена со увоз.  Според податоците на заводот за статистика, 55,2 отсто од домашно произведената струја била од хидроелектричните централи, 41,7 отсто од термоцентралите, 1,7 отсто од ветерни централи и по 0,7 отсто од соларни и од биогасни централи.

Во споредба со јуни минатата година, производството на струја од хидроцентрали се зголемило за речиси 79 отсто, а од термоцентрали се намалило за околу 40 отсто.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија