mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Гори градската депонија во Кочани

Гори градската депонија во Кочани

Типографија

Облаци од густ и смрдлив чад се издигаат од градската депонија во близина на селото Бели на патот кон спортско-рекреативниот центар Пониква, а оттаму пак се шират по целиот планински предел, достигнувајќи дури и до оддалечените села во Осоговијата.

Чадот стигна и до Кочани, па граѓаните реагираа поради силниот мирис на изгорено ѓубре.

  • Она што можеше да се забележи на самото место е дека депонијата гори на повеќе места, а се забележуваат и високи пламени јазици што излегуваат од отпадот. Депонијата е во непосредна близина на селото Бели - реагира Илија Јосифов, жител на селото.

Од комуналното јавно претпријатие „Водовод“ кое стопанисува со депонијата истакнуваат дека редовно со механизација истураат земја на местото каде што се појавува пожарот, за да се оневозможи пристап на кислород и горење на пластиката и на хартијата. Покрај ова се врши редовен надзор  на самата локација,околината редовно се заорува за да се спречи ширењето на огнот. И покрај ваквите настојувања  депонијата на повеќе места гори.

Општините од регионот преку Источниот плански регион донесоа програма за затворање на помалите депонии и пренасочување на изнесување на сметот по општини. На кочанската депонија се планира депонирање на сметот како од Кочани така и од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, се` до изнаоѓањето на дефинитовно решение за изградба на депонија за складинирање на одпадот од општините од Источна Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија