mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Успешно се селектира и се собира е-отпадот во Крива Паланка

Успешно се селектира и се собира е-отпадот во Крива Паланка

Типографија

Неупотребливиот и непотребен електронски и електричен отпад кривопаланчани веќе неколку месеци го доставуваат во поставениот еко магацин во близина на автобуската станица, додека учениците од ОOУ „Јоаким Крчовски“ во текот на учебната година тго користеа еко-контенјерот во училишниот хол.

Овие садови за собирање на отпадот од физичките и правни лица се обезбедени од компанијата „Елколект“ во рамки на потпишаниот меморандум за разбирање - договор за меѓусебна соработка меѓу локалната самуправа на Крива Паланка и компанијата „Елколект“ како овластен собирач на е-отпад.

  • Селективно собирање на е-отпадот успшено се спроведува и во ООУ „Јоаким Крчовски“ -  училиштето кое е носител на престижното зелено знаме. Учениците ја демонстрираат својата висока еколошка свест преку одлагање на старите и неупотребливите апарати од домаќинствата, батерии, акумулатори и стара компјутерска опрема во поставениот контејнер, учејќи од најмали нозе дека на нив не им е место во комуналниот отпад - велат одговорните од училиштето.

Активностите се согласно последните законски измени за управување на овој вид на отпад во насока на подигање на еколошката свест кај граѓаните. Контролата и складирањето на овој вид на отпад го спроведува ЈП Комуналец.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија