mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Двајца охриѓани фатени во рибокрадство

Двајца охриѓани фатени во рибокрадство

Типографија

Двајца жители на Охрид на 16 јуни годинава поставиле 80-метарска мрежа „крапарка“ во водите на Охридско Езеро кај месноста Грашница, иако знаеле дека во тој период е забранет секаков вид риболов, поради мрестот на рибите.

Охридската полиција соопшти дека на двајцата осомничени (на возраст од 31 и 27 години) им се поднесени кривични пријави за незаконски риболов.

Според полициските информации, рибочуварите на концесионерот на Охридско Езеро ја забележале нелегално поставената мрежа уште истиот ден, и согласно нивните законски овластувања, тргнале да ја отстранат. Но осомничените рибокрадци со чамец се упатиле кон нив, а едниот им се заканувал дека ќе ги нападне, ќе им ги запали возилата и ќе им наштети на нивните деца. Веднаш потоа фрлал камења кон нив.

Инаку станувало збор за познати рибокрадци кои и порано биле казнувани за ова дело, со затворски и со парични казни.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија