mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Наместо да ги штити шумите, одобрил бесправна сеча

Наместо да ги штити шумите, одобрил бесправна сеча

Типографија

Шефот за заштита на шумите и екологија во кумановската подружница на јавното одобрил да се исечат над 56 илјади кубни метри дрва без да изврши увид на терен, и со тоа му овозможил на 35-годишен жител на регионот да стекне приход од над 20.000 евра, соопшти кумановската полиција.

Против двајцата биле поднесени кривични пријави, и тоа против шефот за заштита на шумите за злоупотреба на службената положба и за фалсификување или уништување деловни книги, а против оној што ги сечел, за пустошење шуми.

Според полициското соопштение, надлежниот од „Македонски шуми“ не направил увид на терен и идентификација на катастарската парцела, а заверил записник за увид на местото на настанот и одобрение за сеча на дрво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија