mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Преглед на состојбата со еколошката дискриминација кон припардниците на ромската заедница во Општина Кичево

Преглед на состојбата со еколошката дискриминација кон припардниците на ромската заедница во Општина Кичево

Типографија

 Во текот на 2015 година повеќе здруженија и локалната самоуправа на општина Кичево спроведоа истражување за состојбата со животната средина и негативното влијание врз маргиналните групи.

Анализата ги детектира следните состојби:

  1. Ромите во општина Кичево живеат на различни локации. Забележливо е дејствувањето на неколку организации кои ги застапуваат интересите на Ромите во Кичево. Генерално кај припадниците на ромската заедница е слаб интересот за активно учество во креирањето на локалните јавни политики вклучително и на животната средина.
  2. Стратешките документи на општина Кичево не прават дискриминација по однос на припадност, се однесуваат на сите граѓани.
  3. Самиот принцип за заштита на животната средина е содржан во одредени стратешки документи, недостига преточување на стратешките цели во активности и преземање конкретни мерки во населбите каде проблемите со животната средина се доминантни и претежно живат припадници на ромската заедница.
  4. Во општина Кичево нема систем за мониторинг на животната средина што претставува предизвик за во иднина.
  5. Неопходни се поголеми буџетски алокации од општинскиот буџет за решавање на проблемите со животната средина особено во населбите каде живеат припадниците на ромската заедница.

 

Извор: Здружение за развој и интеграција на млади роми и ромки ПРЕРОДБА Кичево

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија