Во текот на 2015 година повеќе здруженија и локалната самоуправа на општина Кичево спроведоа истражување за состојбата со животната средина и негативното влијание врз маргиналните групи.
Анализата ги детектира следните состојби:
- Ромите во општина Кичево живеат на различни локации. Забележливо е дејствувањето на неколку организации кои ги застапуваат интересите на Ромите во Кичево. Генерално кај припадниците на ромската заедница е слаб интересот за активно учество во креирањето на локалните јавни политики вклучително и на животната средина.
- Стратешките документи на општина Кичево не прават дискриминација по однос на припадност, се однесуваат на сите граѓани.
- Самиот принцип за заштита на животната средина е содржан во одредени стратешки документи, недостига преточување на стратешките цели во активности и преземање конкретни мерки во населбите каде проблемите со животната средина се доминантни и претежно живат припадници на ромската заедница.
- Во општина Кичево нема систем за мониторинг на животната средина што претставува предизвик за во иднина.
- Неопходни се поголеми буџетски алокации од општинскиот буџет за решавање на проблемите со животната средина особено во населбите каде живеат припадниците на ромската заедница.
Извор: Здружение за развој и интеграција на млади роми и ромки ПРЕРОДБА Кичево
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS