“Полните корита се нашите кошмари” - кажуваат граѓаните кои живеат покрај Дабичка Река чие главно корито минува низ населбата „Тризла“ каде доминантно живеат претставници на ромската заедница.
Секој пообилен дожд за жителите на оваа населба покрај Дабничка Река предизвикува страв и загриженост за здравјето и неизвесност што ќе им донесе надојдената вода. Најчесто тоа се фекалии и отпад но и многу несовесност од граѓаните кои најлесно и наједноставно им е да се ослободат од непотребните работи фрлајќи ги во коритото на Дабничка Река.
Ваквата состојба е предизвик за нас да се посветиме и да истражуваме:
- Кои се клучните проблеми кои ја предизвикуваат ваквата состојба?
- Кои се предизвиците за вклучување на локалното засегнато население во анимирање на проблемот во јавноста, комуникација со локалната самоуправа и надлежните институции за наоѓање трајни решенија?
- Кои се претпоставените закани и како тие да се надминат и претворат во предности и
- Кои се финансиските импликации за трајно решавање на проблемот и можните извори на финансирање.
Извор: Здружение за перспективна интеграција и развој „Рома перспектив“ - Прилеп
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS