Почитувани граѓански организации,
Со огромна чест и задоволство сакаме да го објавиме повикот за членство во „Youthocracy”, интернационална мрежа на организации што работат со млади.
Ги повикуваме сите заинтересирани организации, кои работат со млади и сакаат да ја промовираат својата работа и методите кои ги користат. За оваа цел тимот на Еко Логик работи на креирање на дата база која ќе биде објавена на веб страната на проектот (in progress). Имено, мрежата во моментов има членови од Македонија, Италија и Австрија. Од 2017 година натаму е планирано да се вклучат и други земји од регионот како и останати земји од ЕУ.
Целта на мрежата е да се промовираат активности и проекти кои организациите ги имаат сработено и/или моментално ги работат и исто така да се промовираат методите и алатките кои истите ги користат при нивната работа. Дополнително, во иднина се планирани и разни заеднички активности на интернационално ниво (студиски посети, работилници, подготовка на дидактички материјали итн.)
Координатор на мрежата ,,Youthocracy” е организацијата Еко Логик од Македонија. Партнери се организациите Лутерах од Австрија и Сан Франческо од Италија.
Како се станува член во „Youthocracy”?
Отворете ги линковите кои се дадени подолу, пополнете ги и вратете ни ги на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Линкови:
https://www.dropbox.com/s/sny6gaa2g4okfmj/Youthocracy%20Form.docx?dl=0
Креирање на оваа мрежа е резултат на спроведувањето на проектот "Youthocracy", каде Еко Логик е координатор, во партнерство со организации од Италија и Австрија.
Проектот е поддржан преку програмата ERAZMUS +, преку Националната Агенција за мобилност на Република Македонија.
Ве очекуваме со коментари и прашања.
Со почит,
Тимот на Еко Логик
Извор: Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ЛОГИК - Скопје
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS