mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Повик за поднесување проектни концепти / планирачки грантови / предлог проекти на ГЕФ ПМГ

Повик за поднесување проектни концепти / планирачки грантови / предлог проекти на ГЕФ ПМГ

Типографија

Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ за Македонија (Global Environment Facility Small Grants Programme – GEF SGP Macedonia) објавува повик за поднесување на Проектни концепти / Предлог проекти во централните области:

  1. Биолошка разновидност;
  2. Климатски промени;
  3. Деградација на земјиште;
  4. Меѓународни води;
  5. Хемикалии (ДДТ, жива, ПОПс) и
  6. Развој на капацитети.


    Право за пријавување имаат законски регистрирани Здруженија активни во областа на заштитата на животната средина како и Здруженија кои работат во други области.


    Пријавувањето на Проектните Концепти (ПК) / Предлог Проектите (ПП) се врши според „Напатствија, Критериуми и Формулари за пријавување на проектни концепти и предлог проекти (верзија јуни 2016)“ кои може да се добијат по електронска/ редовна пошта од Канцеларијата на ГЕФ ПМГ Македонија со испраќање на електронска порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со предмет (subject): Напатствија за повик јуни 2016, со текст од кое Здружение се јавувате и на крајот ставете име на лицето кое ја праќа пораката.


    Здруженијата кои се пријавуваат, се повикуваат да ги следат Напатствијата и да ги употребуваат дадените формулари.


    Предложените активности и резултати мора да се во согласност со централните области на ГЕФ ПМГ и мораат да ги исполнуваат наведените критериуми детално образложени во Напатствија, Критериуми и Формулари за пријавување на проектни концепти и предлог проекти (верзија јуни 2016). 


    Краен рок за поднесување на проектни концепти е до понеделник, 08.08.2016 година по електронска пошта или во канцеларијата на ГЕФ ПМГ Македонија.


    Очекувана временска рамка на Повикот 2016: Одлучување по поднесените предлог проекти: ноември 2016; информација за одобрени за финансирање проекти: ноември 2016; потпишување на Меморандумски договори: декември 2016; планиран почеток на проектните активности: јануари-март 2017.


    НЕМА ДА СЕ ПРИФАТАТ препишани проекти, напишани проекти од лица кои не се членови на Здружението, кои не се напишани во формуларите од јуни 2016, кои не се според Напатствијата, нецелосни проекти, кои се пристигнати ВО канцеларијата ПОСЛЕ крајниот рок.

    Линк: http://www.gefsgpmacedonia.org.mk/dokumenti/povik_gef_sgp_%D0%BC%D0%BA_op6_y2_2016_(mk).pdf

 

Извор: ГЕФ ПМГ Македонија - Скопје

 

 

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија