mksqen
06
Пон, Окт
0 Нови / 7 дена

Јавна трибина: "Процесот на експлоатација на минерални суровини и неговото влијание врз животната средина"

Јавна трибина: "Процесот на експлоатација на минерални суровини и неговото влијание врз животната средина"

Типографија

Здружението за развој и активно учество и поттикнување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ – Битола, има чест да Ве покани на шестата од серијата јавни трибини и дебати, во рамките на проектот: “Граѓанска вклученост во решавањето на проблемите во животната средина”, на тема: „Процесот на експлоатација на минерални суровини и неговото влијание врз животната средина”.

Истата ќе се одржи на ден 19.07.2016 година (вторник) со почеток во 18.00 часот во хотел Театар – Битола.
Гости на оваа трибина ќе бидат:
- г. Љубо Атанасовски – општина Битола – одделение за заштита на животната средина;
- г. Костадин Јованов – директор на Геолошки завод на Р.Македонија;
- г. Александар Пановски и г.Славчо Џолев, изготвувачи и изработувачи на рударскиот проект за рудникот за гранит, на концесионерот - ДОО Стентон Битола во месноста Билбил Камен во Битола;


Проектот “Граѓанска вклученост во решавањето на проблемите во животната средина” вклучува низа активности низ Битола и Пелагонискиот регион во период од 18 месеци и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Повеќе информации на:

 

https://www.facebook.com/zanasseraboti?fref=ts

https://www.facebook.com/groups/427792764025328/?fref=ts

 

Извор: Здружение за развој и активно учество и поттикнување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ – Битола

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија