mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Потребно е што побрзо прогласување на Шар Планина за национален парк

Потребно е што побрзо прогласување на Шар Планина за национален парк

Типографија

Предизвиците за заштита на природата на Шар Планина во идното предложено прекугранично заштитено подрачје „Шара/Sharri/Кораб“е темата на којашто разговараа клучните чинители од регионот на Шар Планина во рамки на конференцијата којашто Македонско еколошко друштво (МЕД) и платформата „Пријателите на Шара“ ја организираа на Попова Шапка. Активноста е завршна манифестација од две и пол годишниот проект што има за цел прогласување на дел од Шар Планина од македонска страна за национален парк.

  • Целта на оваа конференција е да се претстават резултатите од активностите на тригодишниот проект „Зачувување на биолошката разновидност преку одржливо искористување на ресурсите на Шар Планина“ спроведуван од МЕД и платформата „Пријатели на Шара“ а истовремено и да се претстават заедничките активности од повеќе домашни и меѓународни чинители во прекуграничното подрачје Шара/Sharri/Кораб во рамките на Македонија, Косово и Албанија - вели Фросина Пандурска Драмиќанин од платформата „Пријателите на Шара“.

Министерот за животна средина и просторно планирање  Башким Амети вели дека конференцијата е чекор напред кон процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк. Ова е предвидено со урбанистичкот план на Македонија години наназад, а досега и во други прилики Министерството давало заложби за ова и да се случи. Со проектот финансиран од УНЕП и ГЕФ се подготвува студија за валоризација на природните ресурси за Шар Планина, како и други дополнителни документи за заокружување на овој процес што во следните 2 до 3 години ќе се финализираат.

  • Морам да кажам и дека ние како држава стагнираме на планот на заштитата на Шар Планина во однос на нашите соседи, но сметам дека многу е важно целиот процес да вклучува освен претставници од законодавната и извршната власт и експерти од научно истражувачката зедница, невладините организации и пред се претставници на месното население за да евентуалната одлука за Шара како национален парк не биде само на хартија туку да се спроведе во пракса и да придонесе за заштита на биодиверзитетот но и благосостојбата на месното население - вели Амети.

Според претседателот на МЕД Славчо Христовски навршуваат речиси 20 години од почетокот на иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк.

  • Мислам дека изгубивме многу време и дека сега е критичниот момент за конечно Шар Планина да стане национален парк и да се поврзе со веќе заштитените подрачја во Косово и Албанија и да биде едно од најголемите прекугранични заштитени подрачја во Европа - рече Христовски.

Најзначајно нешто што ја загрозува планината е непланираниот масовен урбанизам и криволовот. Овие две работи се клучни со кои ќе треба да се занимаваат оние што ќе го управуваат идниот национален парк - смета професорот од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот Свети „Кирил и Методиј“ во Скопје Љупчо Меловски.

  • Ако Шар Планина не се прогласи за национален парк се заканува исчезнување или деградација на биолошката разновидност на Шара што е многу богата но и важна. Криволовството е погубно бидејќи ловот не е регулиран скоро на целета планина додек интезивната изградба на објекти во подножјето на Шара како и поголемиот број инфраструктурни зафати во погорните нејзини делови  покажуваат дека не се почитуваат законските прописи што сега се на сила така што било каково одолговлекување на пострапката ќе има погубни последици. Ние имаме во рамките на проектот со УНЕП и други меѓународни организации прибрано голем дел од потребната документација што ќе ја доставиме до Владата од каде потоа предлог законот за прогласување на Шар Планина за национален парк треба да биде доставен до Собранието на усвојување, вели Меловски.

Тој посочи дека во последните години оосбено според истражувањата на теренот спроведени помеѓу населението во урбаните и руралните делови на планината и во нејзиното подножје очигледен е порастот на свеста за важноста на оваа активности но и оти месното население мора точно и правилно да биде информирано за законските прописи и нивната примена, а не, како што рече Мелоски, дезинформирано како одега од политички и други заинтересирани страни што го користата хаосот за искористување на определени ресурси од планината согласно нивниот профит без да водата сметака за зачувување на околината и биоразновидноста.

За професорот Ѓоше Стевков од факултетот за фармација од Скопје заштитата на природата оди заедно со правилното комерцијално користење на растенијата и другите планински производи.

Бесник Халачи од паркот на пририодата Кораб од Албанија ги сподели искуствата од работењето на оваа институција што е еден чекор подолу од нивото на национален парк.

  •  На овој начин ние сме отворени за соработка со месното население  кое има можност преку развој на туризммот, локалната храна и културните вредности да заработи, а истовремено и самите тие се вклучени во заштитата на природата бидејќи им е јасно дека само на тој начин туристите и другите заинтересирани ќе продолжат да го посетуваат тој крај - вели Халачи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија