mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Македонија лани произведени 376 килограми комунален отпад по жител

Во Македонија лани произведени 376 килограми комунален отпад по жител

Типографија

Годишното количество на создаден комунален отпад во Македонија по жител во 2016 година изнесува 376 килограми, што е за 1,1 процент помалку отколку во 2015 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во Македонија во 2016 година изнесува 796.585 тони, а вкупното количество на собран комунален отпад 610.227 тони, што споредено со претходната 2015 година е намалување од 1,6 проценти.

Од вкупното количество на собран комунален отпад 512.657 тони или 84 проценти се од домаќинствата, а останатите 16 отсто од правни и физички лица.

Најголемо количество на комунален отпад има во Скопскиот регион, каде се собрани 160.290 тони или 26,2 проценти од вкупното собрано количество отпад во Македонија.

Според видовите на отпад, најголемо количество на собран отпад е измешан комунален отпад, што претставува 543.644 тони или 89 отсто, а најмало количество е отпад од гума, со 656 тони или 0,1 процент од вкупното количество собран комунален отпад.

Најголемо количество, односно 99,4 проценти, на собран комунален отпад се отстранува на депонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија