mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Март бил три степени потопол од просекот и со помалку врнежи

Март бил три степени потопол од просекот и со помалку врнежи

Типографија

Температурите во март годинава во Македонија биле за три степени повисоки од многугодишните просечни вредности, а врнежите биле под просекот.

Според информацијата на Управата за хидрометеоролошки работи, измерените температури на воздухот на сите мерни места март 2017 година биле на просечните вредности.

Средните месечни температури се движеле од 5 степени во Маврово и Лазарополе, 6,3 во Берово, 8,1 во Крива Паланка, 8,8 во Охрид, 9,0 во Прилеп, 9,5 во Битола, 10,9 во Струмица, 11,1 во Штип, 11,6 во Скопје и 11,7 во Демир Капија до 12,1 степен во Гевгелија. Споредено со многугодишните просечни вредности тие се повисоки за три степени.

Средните максимални и минимални вредности на температурата на воздухот се над просечните вредности. Максималните температури се повисоки за четири, а минималните за два степена.

Иако значително потопол од вообичаено, историските апсолутни максимални температури не се надминати. Апсолутната минимална температура на сите мерни места освен во Скопје е негативна, во Берово до минус 5,5 степени.

Во март 2017 не се регистрирани значителни количества врнежи. Најголема месечна сума на врнежи е измерена во Маврово и Лазарополе, а најмалку во Скопје и Штип. 

Месечните количества на врнежите во целата земја се под просечните вредности. Најмалку врнежи се регистрирани на мерните места Штип, Скопје и Крива Паланка, а блиску до просекот се врнежите во Демир Капија, Струмица и Гевгелија.

Во текот на месец март, најголемо дневно количество на врнежи е регистрирано во Гевгелија на 9 март.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија