Во Охрид се одбележува стогодишнината од поставувањето на првата електрична светилка од страна на тогашната австриска војска.
Одбележувањето е во ор ганизација на Лајонс клубот „Лихнидос“.
По повод јубилејот кај Градското пристаниште ќе биде откриено пригодно обележје, а кус историски час по повод настанот ќе одржи Никола Митровиќ од Историскиот архив во Охрид.
Професорот Зоран Тунтев во врска со настанот појасни дека при претрага во депото на Историскиот архив во Охрид во потрага по стари фотографии наменети за пригодна изложба по повод 8 декември, празникот Свети Климент кој е патрон на градот, наишол до податок дека пред точно сто години, во 1916 година на Градското пристаниште во Охрид бил поставен првиот електричен фенер, од страна на Австриската војска за што постои и фотографија.
- Тоа го инспирираше Лајонс клубот „Лихнидос“ да покрене иницијатива на истото место да се подигне фенер и соодветно да се означи со пригодна плоча на македонски и германски јазик, вели Тунтев.