mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Во земјава има 1,28 милиони грла добиток и 1,86 милиони парчиња живина

Во земјава има 1,28 милиони грла добиток и 1,86 милиони парчиња живина

Типографија

Вкупно 1.282.490 грла говеда, овци, кози и свињи имало во Македонија на крајот од 2016 година, како и 1.865.769 парчиња живина, соопшти Државниот завод за статистика.

Од добитокот, најмногу има овци, над 723 илјади, потоа 254 илјади говеда, 202 илјади свињи и 101 илјада кози. Од говедата, овците и кај козите многу мал број се во сопственост на стопанските субјекти, а нивни доминантни сопственици се индивидуалните сточари. Тој процент е нешто поголем кај свињите и кај живината.

Податоците на заводот за статистика покажале дека во 2016 година, во споредба со 2015, вкупниот број на говеда е зголемен за половина процент, но зголемувањето било пред се кај индивидуалните сточари, додека кај претпријатијата и задругите има опаѓање од 21,8 отсто. Бројот на свињите е зголемен и во сопственост на поединците и на стопанствата. Кај овците, пак, има намалување и во двата сектора. Најголем раст има кај козите, чиј број кај индивидуалните сточари се зголемил за 15,6 отсто, а кај стопанските субјекти за 8,8 отсто. Бројот на живината пораснал за 5,9 отсто.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија