mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Биосфера 369 засадува пет илјади дрвја за идните генерации

Биосфера 369 засадува пет илјади дрвја за идните генерации

Типографија

Здружението за одржлив развој Биосфера 369 од Битола во соработка со „Сокотаб“ дооел од Битола, ЈП „Македонски шуми“ - Подружница „Кајмакчалан“ и Основните училишта „Стив Наумов“ и „Александар Турунџев“ го спроведуваат проектот „Ден на засадување садници“ во име на меѓународните ден на шумите 21 март.

Акцијата насловена како „5000 садници за идните генерации“ се однесува на подрачјето на општините на Пелагонискиот плански регион, а дополнителни пет илјади ќе бидат посадени во општините на Источниот и Вардарскиот плански регион. Засадувањето почна од атарот на селото Ротино на патот од Битола до Ресен.

Водени од слоганот „Дрвјата се наши пријатели“ спроведувањето на проектот претставува дел од глобалните напори на Обединетите Нации за одржливо управување со шумите како обновливи ресурси кои покрај тоа што го одржуваат животот на Планетата Земја даваат и обновлива енергија за развој на пред се сиромашните и средно развиените земји.

Активностите во проектот ќе продолжат со серија на едукативни работилници во основните и средите училишта до 22 Април Денот на Планетата Земја кој оваа година ќе се одбележува под слоганот „Дрвја за Планетата Земја“ со главни активности за пошумување и зајакнување на локалните заедници.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија