mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Поголема свесност кај менаџерите за одржливо лидерство

Поголема свесност кај менаџерите за одржливо лидерство

Типографија

Осумдесет и шест проценти од 205 менаџери од Македонија сметаат дека одржливоста во организациите е нов концепт на кој не му е дадено големо внимание во организациите додека пак 93 отсто сметаат дека немаат формален сектор за одржливост, а со тоа и менаџер вработен на таа функција.

Ова се податоци од истражувањето и анализизата за потребата и зголемување на свесноста за одржливо лидерство како клучен сегмент за развој на компаниите и институциите спроведено од Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.

Истражувањето во однос на најслабо применети практики, покажува дека 23 проценти користат обновлива енергија, 22 отсто работат со намалување на емисиите на стакленички гасови, 19 проценти рециклираат, а само 17 отсто внимаваат на начинот на користење на водата и нејзино паметно и редуцирано користење.

  • Како најзначаен фактор за одржливост се гледа економската стабилност на компаниите и фокусот кон долгорочен развој и стратегија. Од испитаниците 67 отсто сметаат дека корпоративно општествената одговорност е дел од одржливоста, а 85 отсто изјавиле дека на топ менџерите им се потребни менаџмент алатки за одржливост - истакнуваат од Институтот.

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски истакна дека добиените истражувања и анализи за потребата и зголемувањето на свеста за одржливо лидерство е клучен сегмент за развој на компаниите и институциите.

Директорот на Центарот за економски анализи Леонид Наков појаснува дека проектот „Заеднички програми за оддржливо лидерство“ има големо значење за целокупниот развој на Македонија и појаснува дека во одговорите на македонските менаџери е идентификувано дека во иднина трите сегменти на оддржливиот развој, економскиот, социјалниот и еколошкиот  треба да бидат подеднакво застапени.

Анкетниот лист содржел 20 прашања групирани во четири дела, а спроведен е во таргет група кај повеќе од 3.000 менаџери вработени во македонски компании. Добиени, анализирани одговори се од 205 испитаници. Паралелно со прашалникот спроведени се и интервјуа преку директни средби со претставници од бизнис секторот и непрофитниот истражувачки сектор. Од испитаниците 55 проценти се од машки пол, додека 45 отсто женски. Возрасната граница е од 30 до над 50 годишна возраст, а најмногу одговори се добиени од менаџерите од 30 до 45-годишна возраст.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија