mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Еколошките теми интересни за Источниот плански регион

Еколошките теми интересни за Источниот плански регион

Типографија

Еколошките теми беа во центарот на вниманието на седницата на градоначалниците на општините од Источниот плански регион.

Градоначалниците расправале по резултатите од првата фаза на Програмата за зачувување на природата во Македонија и главните насоки за втората фаза.

Професор доктор Славчо Ристовски пред присутните градоначалници на Источниот плански регион ги презентирал предлозите за заштитени подрачја во ИПР, по што било извршено Примопредавање на нацрт верзијата на Просторниот план на ИПР.

Градоначалниците донесоа повеќе одлуки кои се однесуваат на преотстапување на користење на институции и установи. Одлуки се донесоа за туристичкиот инфо центар Пониква, осветлувањето на Лесновските монашки пештери и санација на постоечки пристапни пешачки патеки во село Лесново, Пробиштипско, на улица во село Лаки која води кон Црквата Свети Јован Богослов и археолошките локалитети Црквиште, Могила и Градиште во Општина Виница, како и на  дел од локалниот пат од село Трстија до село Турија во Општина Делчево.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија