mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Штипските пчелари ќе го пошумуваат локалитетот Клисибаир

Штипските пчелари ќе го пошумуваат локалитетот Клисибаир

Типографија

Вкупно 1.500 садници багрем за пошумување локации кои беа зафатени со пожар, набави Општина Штип на иницијатива на Здружението на пчелари „Нектар“.

Како што информира советникот за екологија во Општината Влатко Панев, дрвцата ќе бидат засадени во опожареното место Клисибаир.

  • Се надеваме дека оваа практика ќе стане традиција. Со неа ја најавуваме и пролетта, убавото време, и апелираме до сите граѓани што помасовно да ги засадуваат опожарените места - вели Панов.

Според претседателот на Здружението на пчелари „Нектар“ Марко Миховски, иницијативата на пчеларите е со цел на опожарените места повторно да има дрвца. Багремот е и медоносен вид, а најмногу успева на штипското поднебје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија