mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање вода од Охридско Езеро

ЕЛЕМ: Нема неконтролирано испуштање вода од Охридско Езеро

Типографија

АД Електрани на Македонија реагираат на обвинувањата упатени кон ЕЛЕМ за неконтролираното испуштање на водите на Охридското Езеро од, како што велат, одредени политички субјекти.

  • Во насока на целосно информирање на јавноста ЕЛЕМ уште еднаш повторува дека го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото во согласност со референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ Глобочица - се истакнува во соопштението од ЕЛЕМ.

Од таму појаснуваат дека согледувајќи го сушниот период во охридското сливно подрачје, истекот се прилагодувал согласно водостојот на Охридското Езеро. Иако во јануари, велат тие, АД ЕЛЕМ го натфрли производствениот биланс од домашните капацитети  за повеќе од осум проценти,  за истиот период  ХЕЦ Глобочица не го исполнила месечниот план за производство,односно произвела 38,1 отсто помалку електрична енергија во однос на очекуваното. Истото важи и за ХЕЦ Шпилје која во јануари испорачала 32 отсто помалку електрична енергија во однос на билансот.

Од ЕЛЕМ потсетуваат дека на сила на неодредено време е воспоставениот режим на биолошки минимум што подразбира испуст од 3,5 кубни метри во секунда кој задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот по течението на реката Црн Дрим.

Според историјатот на податоци на ХЕЦ Црн Дрим, просечен истек  за јануари во периодот од 1966 до 2016 година изнесувал 21 метри кубни во секунда.

  • Во јануари годинава, измерен е просечен истек од 18 метри кубни во секунда и тој во континуитет се намалувал. Максимален истек во јануари е регистриран во 2003 година кога изнесувал 47,5 метри кубни во секунда, додека минимален регистриран  истек е 2,3 кубни метри во секунда, во 1967 година. Намаленото ниво на езерото се должи пред се, на рекордно намалениот дотек на вода во декември и во јануари, особено во декември лани, кога бил измерен просечен дотек на вода од седум метри кубни во секунда, најмал од 1965 година, па досега - се истакнува во соопштението на АД Електрани на Македонија.

Досегашниот просечен дотек во сливот на ХЕЦ Глобочица за период од 1 заклучно со 31 јануари, според ЕЛЕМ, изнесува 11, 37 метри кубни во секунда (дотек во Охридско Езеро и дотек од локален слив) што овој јануари го прави втор по сушност од 1965 година до денеска. Најсушен jануари бил регистриран во 1989 година со просечен дотек од 9.45 метри кубни во секунда.

Од ЕЛЕМ истакнуваат дела преку својата подружница ХЕС Црн Дрим тие и понатаму ќе ги презема сите расположливи мерки во насока на зголемување на водостојот на Охридското Езеро кој се очекува да расте во наредниот период особено со зголемувањето на надворешните температури и топењето на снегот на околните планини, како и поради очекуваните врнежи од дожд и снег.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија