mksqen
28
Нед, Апр
0 Нови / 7 дена

Пробиштип ќе инвестира еден милион евра во водоснабдувањето

Пробиштип ќе инвестира еден милион евра во водоснабдувањето

Типографија

Општина Пробиштип годинава ќе инвестира  во проширување на филтер станица, но и ставање во функција на неколку препумпни станици за да се обезбеди квалитетно водоснабдување за неколку села и за новата индустриска зона Неокази.

Градоначалникот на општината Тони Тоневски  вели дека за да се развива Пробиштип предвидено е проширување на еден блок на Филтер станицата, со што од досегашните 75 литри во секунда, капацитетот ќе се зголеми на 100 литри во секунда.

  • Паралелно со ова ќе ги автоматизираме и пумпните станици за населените места Добрево, Злетово, како и да ја ставиме во функција старата пумпна станица во Ратавици. Тоа е еден проект, кој што треба да биде почеток на обезбедување на дополнителни количини на вода за Пробиштип, при евентуален дефект на основното водоснабдување од ХС „Злетовица“ - вели Тоневски.

Тој истакна дека оваа инвестиција во водоснабдувањето има за крајна цел и обезбедување на техничка вода за индустриските зони, а која ќе биде од корист за сите потенцијални домашни и странски инвеститори.

Проектот за зголемување на капацитетот на пробиштипската филтер станица, но и останатите инвестиции во водоснабдувањето ќе чини околу еден милион евра, од кои 300 илјади евра се предвидени од општинскиот буџет, а останатите 700 илјади евра се донација од словенечкиот ЦМРС и Министерството за животна средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија