mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Намаленото количество мед во Куманово ја зголеми цената

Намаленото количество мед во Куманово ја зголеми цената

Типографија

Значително е намалено производството на мед минатата година во Куманово.

Тоа според здружението „Пчела“ резултира со зголемена цена за дваесетина проценти која сега се движи од 350 до 400 денари за килограм.

Според претседателот на здружението Часлав Ристовски, добиени се пет до седум килограми по пчелно семејство што е значително намалување во однос на претходните години.

  • Причина за намалување на произвоството се лошите временски услови во екот на пашата на пчелите, особено при крајот на мај и јуни лани кога беше дождливо и студено, а потоа следуваа неколку дена есктремно високи температури кои исто така беа неповолни за количината на нектарот во природата - вели Ристовски.

Во Куманово има приближно осум илјади пчелни семејства, но просекот се прави врз основа на 70 отсто од постоечките така што од околу 5.600,лани пчеларите извадиле околу пет до седум килограми мед од пчелно семејство. Во најдобри години од стационарно пчеларство се собирале 20 до 30 килограми мед по пчелно семејство, додека од селидбено пчеларство 50 до 60 килограми.

  • Климатските промени силно влијаеа врз производствто на мед, не само во Македонија, туку и на Балканот и во Европа - нагласува Ристовски.

Здружението „Пчела“ и годинава ќе продолжи со тековни активности кои вклучуваат едукација на членовите за поуспешно производство.

Во Куманово има приближно 200 производители на мед.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија