mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Замрзнати водомери, енормна потрошувачка на вода во Прилеп

Замрзнати водомери, енормна потрошувачка на вода во Прилеп

Типографија

Преку 600 водомери и домашни водоводни инсталации се замрзнати од студеното време, а екипите се постојано на теренот, информираат од „Водовод и канализација“ во Прилеп.

Според Сашо Ни

колоски, директор на „Водовод и канализација“ загрижува енормната потрошувачка на вода за пиење што ќе доведе да се активираат бунарите.

  • Поради стравот од измрзнување, граѓаните ги оставаат чешмите да течат што двојно ја зголеми потрошувачката на вода. Моментално Прилеп троши преку 450 литри вода во секунда. Изворот Студенчица нема голема дарежливост, во функција е и ТЕЦ „Осломеј“, па сето може да донесе проблеми во водоснабдувањето. Во подготовка сме да пуштиме во функција дел од бунарите, доколку потрае ваквото време. Апелот до граѓаните е да внимаваат со потрошувачката, повеќе да ги греат купатилата за енормно да не се троши вода - вели Николоски.

Николоски нагласува дека нема дефекти во водоснабдувањето на населените места. Под надлежност на прилепски „Водовод и канализација“ освен градот се и 23 населени места.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија