mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Потпишан договор за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Кочани

Потпишан договор за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Кочани

Типографија

Општина Кочани го потпиша и последниот договор околу изградбата на пречистителната станица за отпадни води.

Станува збор за проект што се реализира помеѓу Владата на Македонија и Владата на Швајцарската конфедерација со заедничко финансирање кој што веќе тече неполна година.

Проектот се состои од повеќе сегменти од кои што главен е токму потпишувањето на договорот за Изградбата на пречистителната станица за отпадни води. 

  • Првиот дел од проектот се состоеше во изработка на проекти и изградба на колекторот за што тендерската постапка заврши и работите на терен почнаа да се извршуваат пред Нова година. Со потпишувањето продолжуваат работите околу изработката на техничката документација која што се очекува да заврши до јуни оваа година, а пред крајот на 2017 да почнат и работите на терен - вели Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.

Целокупниот проект е во вредност од 23 милиони швајцарски франци од кои 21 милион обезбедува Швајцарската конфедерација, а остатокот македонската Влада и околу 300 илјади евра обезбедува Општина Кочани и КЈП „Водовод“.

Целокупните работи се очекува да завршат до крајот на 2018 година. На пречистителната станица ќе работи германска фирма која што на тендерот беше избрана како најповолна  од страна на Швајцарскиот консултант „СЕКОK“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија