mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Студеното време продолжува, температури до минус 22 степени

Студеното време продолжува, температури до минус 22 степени

Типографија

Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер и температура која утрово се спушти до минус 22 степени.

Според УХМР најстудено е во Берово и во Маврово, а потоа во Демир Капија, Битола, Прилеп, Тетово, Скопје, Штип и во Струмица.

Темепратурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија. Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од минус 19 до минус 7 во понеделник, минус 17 до минус 6 во вторник, минус 16 до минус 7 среда, минус 15 до минус пет  четврток и минус 12 до минус 4 во петок.

Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени.

Времето денеска ќе биде п роменливо облачно и многу студено со засилен северен ветер. На места ќе провејува слаб снег.  Темепратурата ќе се движи од минус 13 до минус шест степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија