mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Дојран со план за нова хидроцентрала

Дојран со план за нова хидроцентрала

Типографија

Општина Дојран го презентираше урбанистичкиот план за изградба на мала хидроелектрична централа „Топлец“ која ќе се гради на постоечкиот цевковод за надополнување со вода на Дојранското Езеро.

Од урбанистичкото одделение на општина Дојран појаснуваат дека со изградбата на овој ситем, освен што ќе се обезбеди потребното количество вода за полнење на езерото, ќе можат да се покријат и потребите за водоснабдување на населените места Богданци, Стар и Нов Дојран.

Малата хидроелектрична централа „Топлец“ велат од општината, претставува реализација на целите зацртани со Просторниот план на државата за рационално, целосно и повеќекратно искористување на водните ресурси. На површинскиот опфат на проектот предвидено е да се градат и објекти со комерцијална и деловна намена.

Урбанистичката документација ќе биде изложена во просториите на локалната самоуправа од каде што сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да подигнат анкетни листови преку кои ќе ги изразат своите мислења, предлози и забелешки.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија