mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Искачување на врвот Плат на Шар Планина

Искачување на врвот Плат на Шар Планина

Типографија

Утре, од шест часот наутро почнува четвртата тура во искачувањето на планинските врвови во Македонија.

Четвртиот врв во рамки на предизвикот „12 Врвови“ е врвот Плат кој се наоѓа на планината Шар Планина и е висок 2.398 метри надморска височина.

  • Искачувањето до врвот Плат е предвидено да почнува од планинарскиот дом „Смрека“ на 1.800 метри надморска височина на Попова Шапка преку бандерите на пределот Јелак кој излегува на широкиот, земјен колски пат за Лешница. По патот се доаѓа до месноста каде се наоѓаат Церипашинските бачила од каде се излегува на подножјето на врвот Плат каде има патоказна табла од која има 1,5 час за да се искачи врвот. Искачувањето од планинарскиот дом до врвот Плат вкупно е околу 3,5 часа. Враќањето ќе се одвива по истата патека во траење од три часа. Вкупно траење на акцијата е околу седум часа. Се совладува висинска рзлика од 600 до 650 метри, а патеката спаѓа во категорија средно напорна копнена акција - велат од Планинарски предизвик „12 врвови“ .

Поаѓањето од Скопје е во шест часот наутро на паркингот кај ПТТ кај Железничка станица, а цената е 450денари. Учесниците кои ќе одат со сопствен превоз за учество во акцијата треба да уплатат котизација од 100денари кои одат за организацијата на целогодишниот предизвик „12 Врвови“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија