mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Климатски промени и зелена економија - улога во образованието

Климатски промени и зелена економија - улога во образованието

Типографија

Ратификување на Парискиот договор и развивање национална стратегија за борба против климатските промени кои мораат да ги земат предвид работните места во индуструијата која се занимава со фосилните горива.

Ова се дел од препораките на меѓународната конференција насловена „Климатски промени и зелена економија - улогата на образовниот систем“ во организација на Еколошката младинска организација Гоу Грин.

  • Од идните пратеници и идната влада во Македонија очекуваме да го ратификуваат Парискиот договор и да се фокусираат кон развојна економија која ќе го намали загадувањето и ќе предизвика намалување од зависност од јаглен. Македонија го има потпишано Парискиот договор и од аспект на легислатива и законска рамка ние имаме направено прогрес, но тоа што недостига е практична  имплементација на терен - вели Антонио Јовановски од Гоу Грин.

Драгана Милеуснич од Мрежата за климатска акција од Европскиот секретаријат во Брисел порача дека Балканот мора да се насочи кон прашањето на употребата на јагленот, односно како ќе се смени производството на енергија на правилен начин во регионите кои го користат јагленот.

Според професорот Илија Насов од Природно-математичкиот факултет од Скопје доколку не се спроведат заклучоците од КОП 21 во Париз и КОП 22 во Маракеш, земјата ја очекуваат катастрофални последици.

  • Се надеваме дека спроведувањето на мерките од конференциите ќе придонесат да се ублажат климатските промени, но да се решат е многу тешко. Еден од најдобрите начини за решавање на климатските промени е обновлива енергија. Македонија изобилува со една од тие обновливи извори на енергија, а тоа е сончевата енергија која во Македонија ја има со најдобро соларно зрачење што воошто во Европа постои, и што е најважно, таа е бесплатна - истакнува Насов.

Тој порачува дека свесноста кај сите институции треба да биде на повисоко ниво бидејќи мерките кои ќе се преземаат по КОП 22 мора да бидат обврзувачки.

  • Периодот на подготовки треба да стартува веднаш, а Македонија треба да ја зголеми обновливата енергија многукратно - додава Насов.

За професорот Зоран Марков од Машинскиот факултет при УКИМ многу важен фактор е прочистувањето на отпадните води за кои Мекедонија доби и препорака од ЕК. Според него, Македонија се труди да ги регулира сите подрачја кои што се во животната средина, а една од нив е и заштитата на водите.

На состанокот беше истакнато младите и дипломираните студенти да бидат соодветно едуцирани, со цел, како што порачаа експертите, успешно да ја предводат енергетската транзиција кон општества отпорни на климатски промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија