mksqen

Денеска и утре студено, затоплување од задутре

Денеска и утре студено, затоплување од задутре

Типографија

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до шест степени.
Во среда ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата и во наредните денови ќе бидат студени, особено во среда кога температурите насекаде ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус осум до нула, а дневната највисока температура од пет до 12 степени. Во наредните денови дневната температура ќе биде во пораст.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија