mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Доделени грантовите за еколошки истражувачки стории со поддршка на ЕУ

Доделени грантовите за еколошки истражувачки стории со поддршка на ЕУ

Типографија

Центарот за еколошка демократија Флорозон во рамките на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“  додели  десет грантови  на  граѓанските  организации од Македонија.

Финансиската поддршка  е обезбедена преку програмата на Европската унија за поддршка на граѓанските организации и слободата на медиумите,  а вкупниот буџет за оваа намена изнесува  45.000 евра. Преку реализацијата на програмата, ќе се озвозможи  креирање на  истражувачки стории од областа на животната средина и на тој начин ќе се поттикне истражувачкото новинарство, но истовремено ќе се зајакнат капацитетите на граѓанските здруженија во делот на комуникацијата и соработката помеѓу нив и медиумите. Доделените финансиски средства ќе бидат искористени за планирање, подготовка, истражување, реализација и продукција на еколошките истражувачки стории, а како носители на активностите ќе бидат локалните невладини организации и медиумите.

Ова е листата на организации на кои им се доделуваат грантовите.

Eколошко друштво Планетум, Струмица

Здружение центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија, Пехчево

Здружение Егри, Граѓански центар за одржлив развој, Скопје

Фондација за рурален развој и Демократија Фокус, Велес

Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив, Прилеп

Еко Логик, Скопје

Здружение за одржлив развој Биографија 369, Битола

Здружение на граѓани Академик, Крушево

Новапедија, Скопје

Здружение на граѓани Сведок, Скопје

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија