mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Утре Шарпланинска костенијада во тетовско Беловиште

Утре Шарпланинска костенијада во тетовско Беловиште

Типографија

Здружението Бела Виста утре во местото Петочко водиче во тетовското село Беловиште организира Саем на костенот, медот, виното и на традиционалната трпеза, под името Шарпланинска костенијада.

Саемот е во рамките на нивните активности за креирање еко-рурални туристички производи во шарпланинскиот регион.

На манифестацијата ќе има многу излагачи на производи, пред се од костенот и традиционалното негово користење, како и скари на кои ке може да се пробаат специјалитетите, како шарската плескавица со костен.

Исто така ќе бидат застапени производителите на органски мед, исто така костенов, и за нив ќе има натпревар.  Се најавува и присуство на претставниците на старите занаети како и на излагачите со старини и на најмалиот етно музеј во светот.

На саемот ќе може да се дегустираат многу производи изготвени од членовите на Бела Виста, партнерските организации и учесниците. Организаторите најавуваат и дека ќе може да се купи шарпланински костен по откупна цена, како и познатиот тетовски грав, јаболка тетовка,ореви,и други домашно одгледувани органски производи по саемска цена изложена од самите одгледувачи. На продажба ќе има и селектиран костенов расад.

Во рамките на фестивалот ќе се организираат и неколку тури и прошетки, и тоа до Беловишкиот водопад кој е најголем во Македонија, до Доброшко езеро кое е едно од шарските очи, до Вратничка ливадица, како и до малото планинско езеро обиколено со костенова шума, Сенокос.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија